Мало чудо: 5 - годишно момче преживеа срцев застој од 90 минути
5 - годишно момче е прогласено за „чудо од дете“, откако преживеа 90 минутен застој на срцето. Овен Коултер од Либерти Хил во Тексас во декември 2018 имал симтоми слични на грип, вклучувајќи и грозница и отечени очи. По тестовите на стрептокок кои биле негативни, симтомите и понатаму продолжиле, па родителите го однеле во Центарот за брза помош Св. Давид, пред да биде преместен во детскиот медицински центар Дел во Аустин.
На денот кога завршил во болница, неговата телесна температура била само 35 степени, наместо нормалните 37, па лекарите морале да го замотаат во кебе, за да му ја кренат температурата. Десетина минути откако стигнале во болница, момчето им кажало на родителите дека мора да оди во тоалет и тогаш доживеало срцев застој.
Тимот лекари и медицински сестри се менувал повеќе од еден час со цел да го реанимираат и приклучат на апарати за одржување на живот. Им требало околу 30 минути за да го приклучат на апаратот ECMO, кој ја пумпа крвта низ телото и го вади кислородот надвор од телото на пациентот, што овозможува срцето и белите дробови да одмораат. Набрзо срцето почнало самостојно да му работи.
Во следните 56 дена малку по малку го одвојувале од апаратите за дишење, лековите и ја прекинувале дијализата на која бил приклучен поради оштетувањето на бубрезите. Откако состојбата му била стабилизирана, започнал со рехабилитација, за повторно да научи да голта, зборува и оди и морал да замине дома.
Лекарите веруваат дека застој на срцето предизвикал вирусот кој го зафатил неговото срце и многу биле горди поради негово опоравување.
Во детската болница во Филаделфија велат дека многу деца кои преживеале срцев застој имаат оштетување на мозокот, поради тоа што тој на неколку минути останува без крв, но и без кислород. Семејството и пријателите во меѓувреме за ја започнале GoFundMe страницата за хуманите луѓе да може да им помогнат за да ги покријат трошоците во болница за Овен, пренесува DailyMail.