Мартија е повторно во љубов: Кој ѝ го украде срцето на младата пејачка? (ФОТО)
Љубовниот живот на младата пејачка Мартија Станојковиќ, која јавноста ја запозна во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ повторно процвета.
Имено, по крајот на врсакта со Милан Илиќ некое време пејачката беше сама, но тоа повеќе не е така. Нејзиното срце го освои еден познат фудбалски репрезентативец.
Станува збор за фудбалерот Дарко Чурлинов, а оваа информација се најде во јавноста, откако нивна блиска пријателка, на Инстаграм објави стори на кое двојката се бакнува и прегрнува. За сега, ниту Мартија, а ниту Дарко не потврдија дали се навистина заедно, но за многумина оваа фотографија е доволна.
Дали станува збор за кратка авантура или голема љубовна приказна, ќе дознаеме со текот на времето.
Инаку, 22-годишниот Чурлинов моментално игра за Барнли во првата англиска лига, а долго време е и дел од македонската фудбалска репрезентација.
фото: Принтскрин / Инстаграм