Откри дали е слободна: Мартија Станојковиќ даде одговор на најпоставуваното прашање (ФОТО)
Во март минатата година пишувавме дека Мартија е повторно слободна, но тоа не беше официјално потврдено...
Досега неколкупати пишувавме за момчето на младата пејачка Мартија Станојковиќ, Милан Илиќ. Со него беше во врска нешто повеќе од една година и за тој период постојано споделуваше фотографии и видеа од нивните авантури, изненадувања, патувања... Но, наеднаш Милан престана да се појавува на сторињата, а исто така и фотографиите на профилот на пејачката на кои беше тој ги снема.
Тоа беше доволен знак за да сфатиме дека пејачката е „сингл“, а по крајот на врската замина на Копаоник, од каде со своите пријателки постојано споделуваше фотографии.
Денес, една година подоцна, Мартија ги потврди нашите претпоставки. Имано, на Инстаграм одговараше на прашањата на своите обожаватели, меѓу кои беше и прашањето „Имаш ли дечко?“. На ова прашање низ смеа одговори: „Најредовно прашање. Не“, со што ни потврди дека ужива во статусот на слободна девојка.
фото: Принтскрин / Инстаграм