Мартија и Стеффонатор рушат рекорди: За помалку од 24 часа, број еден на трендинг

Мартија и Стеффонатор рушат рекорди: За помалку од 24 часа, број еден на трендинг

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Мартија Станојковиќ и Стеффонатор вчера го објавија својот нов проект, преработката за „Сакам да те галам“ на Паркети и Елена Ристеска.

Дека нивната популарност е огромна говори и фактот што за помалку од 24 часа, тие се веќе број еден на трендинг, на YouTube. По тој повод Стеффонатор објави фотографија на Инстаграм. „#1 за помалку од 24 саати! Најдобри сте, ФАЛА ви најмногу за нереалната поддршка. За сите што сè уште се чудат, „шо праеш“ е интерна шала која се појави во моите први месеци на YouTube, па само оние кои се тука од почетокот знаат зошто песната е таква каква што е. Ние работевме доста напорно на проектов и сме пресреќни што е вака прифатен.“ - напиша познатиот јутјубер покрај фотографијата.

Ова е голем успех кога е во прашање македонската музика, бидејќи ни на добро познатите имиња не им успева ова.

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: