Мартија направи гала роденденска забава за полнолетството: За микрофонот се фатија Антониа и Иван (ФОТО)
Младата пејачка Мартија Станојковиќ вчера наполни 18 години и официјално влезе во светот на возрасните. Една од честитките која особено се издвои од останатите беше онаа која ѝ ја напиша нејзината мајка Снежана. Емотвната порака, гордата мајка ја сподели на својот Фејсбук профил, заедно со песната „Те сакам“, која Мартија ѝ ја посвети на неа.
Освен големиот број честитки кои ги доби, Мартија имаше и гала забава и со најблиските пријатели и роднини го прослави полнолетството. Имаше изнајмено локал, каде сите присутни се забавуваа до доцните вечерни часови.
Помеѓу присутните беа пејачката Мина Блажев, Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, кои не ги штедеа своите гласови и без размислување се фатија за микрофонот.
Јагодка на шлагот беше роденденската торта, а свеќичките со бројот 18, Мартија ги дувна со насмевка на лицето.
За роденденската прослава, Мартија носеше долг фустан во кралско сина боја, кој ја следи линијата на телото.фото: Принтскрин / Инстаграм