Мартија повторно запеа на Евровизија со песна од Марија Шерифовиќ и Адил
На Инстаграм страницата - bravoeurosong каде претежно се објавуваат вести и видеа за Големата Евровизија и детскиот Евросонг, се најде и видео на Мартија Станојковиќ. Македонската тин ѕвездичка која ја претставуваше нашата земја на детската Евровизија во 2016 година, сега пее песна од евровизичката победничка Марија Шерифовиќ и Адил- „Не спомињи ми љубав“. Од страницата наведуваат дека се хипнотизирани од нејзиниот глас и интерпретацијата на нумерата.