Мартија стана тетка: Пејачката веднаш го посети внукот Лука во болница (ФОТО)
Семејството на младата пејачка Мартија Станојковиќ стана побогато за уште член...
Лука е новиот член во семејството на Мартија. Имено, пред неколку дена нејзината постара сестра Лена на свет го донесе малиот Лука.
Пресреќната тетка, не издржа и веднаш замина во болница да го види својот внук, по што сподели неколку фотографии на социјалните мрежи.
„Тета ти ја посакува сета среќа на овој свет. Добредојде Лука“ - напиша тетка Мартија покрај фотографиите на кои позира со внукот Лука.
фото: Принтскрин / Инстаграм