Ме малтретираа, но музиката ми помогна да се изборам: Гарванлиев за детството

Ме малтретираа, но музиката ми помогна да се изборам: Гарванлиев за детството

По конечната одлука на МРТВ, годинава на „Евровизија“ да нѐ претставува Васил Гарванлиев. По објавувањето на оваа вест, македонските, но и светските медиуми уште повеќе се заинтересираа за него. 

Момчето кое 1994 година го отпеа најголемиот детски хит „Марионка“, неодамна имаше интервју за најчитаната независна веб - страница на светот, посветена на Еврозија „Wiwibloggs“. Во интервјуто Васил си ја отвори душата и раскажуваше за своите детски денови.

Раскажа за тоа како од популарно дете во родната земја, станал дете кое е изложено на училишен булинг, откако неговото семејство емигрирало во Соединетите Американски Држави. Тогаш Васил бил 7 - мо одделение и вели дека кога го продолжил образованието таму, на Англиски знаел да каже само да каже: „yes“, „no“, „hello“, „goodbye“, а останатото биле само гестикулации. 

„Првиот час на кој присуствував беше физичко. Не можев да ја најдам салата, само одев, а кога наставничката ми кажа нешто, јас не ја разбрав и само кимав со главата. Потоа ја испружи раката кон салата, а таму сите седеа на подот, некој рече нешто и сите момчиња покажуваа со прстот во мене, смеејќи се. Поради мојата коса наставничката ме праша дали сум девојче, а бидејќи не знаев што да правам само кимнав со главата и некои момчиња низ насмевка рекоа дека јас не знам да зборувам англиски. Тоа ме затвори и една година бев тивок. Од детска ѕвезда во Македонија, до ништо, а на тоа му се додава и булингот. Сето тоа траеше додека не започнав да пеам.“ - се присетуваше Васил. 

На крајот на оваа приказна македонскиот претставник на Евровизија истакна дека музиката всушност му претставувала канал преку кој допирал до луѓето и ги надминувал тешките животни ситуации.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение.


Можеби ќе ве интересира: