Меган доби неодолива честитка за роденден: Ти благодарам што ми се придружи во оваа авантура
Војводката од Сасекс Меган Маркл го прослави својот 38 роденден, а нејзиниот сопруг, принцот Хари го искористи да и честита со неодолива порака.
Принцот на својот официјален Инстаграм профил објави омилена фотографија од својата сопруга со интересна порака.
Описот на фотографијата која е направена пред скоро една година за само неколку часа доби околу половина милион лајкови и над 10.000 коментари во која следбениците и посакаа среќен роденден.
„Среќен роденден на мојата неверојатна жена“ - напиша принцот и додаде: „Ти благодарам што ми се придружи во оваа авантура. Те сакам, Х“.
Оваа порака „растопи“ многу срца, а нивните следбеници со своите коментари покажаа колку ја почитуваат и сакаат војводката од Сасекс.