Меган и Хари се влијателни, но не колку ќерката на Бекамови!
Со само 7 години малечката Харпер Бекам, социјално е повлијателна од Меган Маркл и принцот Харис.
Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам, Харпер е една од највлијателните луѓе во Обединетото Кралство.
Имено, странските медиуми ја ставија на четврто место на листата најпосакувани луѓе на настани поради инфлуенсерство. На таа листа ги одмина и своите родители, па дури и Меган Маркл и принцот Хари, а ја опишале како „постојана постава од првите редови помеѓу Лос Анџелес, Лондон и Костволдс“.
На прво место на оваа листа се Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, додека неговиот брат го одмина ова 7 - годишно девојче. Меган и принцот Хари воопшто не се во топ 10.