Месечен хороскоп за Јуни: Одличен месец за Бикот, што ве чека вас?

Месечен хороскоп за Јуни: Одличен месец за Бикот, што ве чека вас?

РАК

Љубов – Периодот позади вас не беше лесен за вас, а ниту овој нема да биде поинаков. Единствено што е навистина добро е тоа дека Раковите влегуваат во една целосно нова животна фаза, во која себеси, своите желби, потреби, цели и приоритети ќе ги ставите на прво место. Во превод, некој од вас во текот на јуни ќе одлучи да стави точка на односот во кој се.

Работа – Повеќе од добар период за Ракови. Марс во текот на цел јуни ќе биде во вашето поле на личноста, ќе ви донесе зајакнување на амбициите, поголема иницијатива, енергија и храброст да се изборите за вашите цели. Она што е поволно е дека од почетокот на третата декада на јуни ќе имате поддршка од Сонцето и Меркур во вашиот знак. Повремено ќе бидете понервозни од обично, така што треба да обрнете внимание на меѓучовечките односи.

Здравје – Марс во полето на личноста ви носи поголема енергија.

ЛАВ

Љубов – Доколку сте во подолга емотивна врска, особено од вториот дел на јуни ќе започнете да размислувате за иднината на вашиот однос. Некои од вас ќе мислат дека дојде време да се смират и да запловат во посериозни води со партнерот. Лавовите во брачна заедница имаат променлив период пред себеси. Очигледно е дека ви е потребно растеретување, повеќе слобода и повеќе време поминато со пријателите.

Работа – Овој месец, на полесен начин можете да дојдете компромис на работно поле, но истовремено ќе имате можност да направите договори кои ќе се покажат како исплатливи. Исто така, полето на поддршка од страна на другите е потенцирано до крајот на втората декада и е евидентно дека многу од вас ќе бидат спремни да ги реализираат своите цели по секоја цена. Во овој период ќе бидете оптеретени со конкуренцијата или стравот од неуспех на одредено поле, но за брзо време ќе сфатите дека стравовите се неосновани.

Здравје – Не дозволувајте стресот и нервозата да влијаат врз вашиот имунитет.

ДЕВИЦА

Љубов – Владетелот на партнерските односи, Јупитер ќе влијае за вие да бидете во најдобро и најоптимистичко расположение, па така емотивните релации ќе функционираат неспоредливо поуспешно отколку во изминатиов период. Заедно со саканата личност можете да ставите точка на несогласувањата кои ве следеа и да се насочите кон заеднички планови за иднината. Вие лично сте подготвени за промени и активност, па ќе успеете да организирате некое убаво изненадување за партнерот.

Работа – Не само што динамиката и активноста ќе бидат посилни од претходно, туку овој период ви претстојат и некои одлични бизнис можности. Конечно ќе можете да започнете и со плановите кои подолг период ги имавте оставено „на чекање“. Од вас се бара да бидете постојано во движење, да бидете иницијатор, да ја гледате секоја можност за комуникација и договор со постоечките и потенцијалните бизнис партнери.

Здравје – Чувајте се од настинки.


Претходна страна  Следна страна

Можеби ќе ве интересира: