Месечен хороскоп за Јуни: Одличен месец за Бикот, што ве чека вас?
ВАГА
Љубов – Добриот аспект на Венера и Марс во текот на поголемиот дел од месец јуни ќе ви обезбеди солиден однос со саканата личност. Секако, постои и повремена љубомора и потреба да го „присвоите“ партнерот, да го украдете од сите и да го имате само за себе. Исто така, саканата личност ќе има повремени нервозни испади, можеби поради вашиот притисок, но генерално гледано – ништо од ова нема да влијае врз вашата врска.
Работа – Генерално гледано, Вагите во текот на јуни ќе бидат во процес на промена која и тоа како ќе води напред. Ќе имате многу контакти, во и надвор од земјата, ќе склопите важни договори кои можат да ви обезбедат долгорочна стабилност и профитабилност. Во сето ова ќе се снајдете како „риба во вода“, но не сметајте дека било што од тоа ќе дојде самото од себе.
Здравје – Внимавајте на исхраната.
ШКОРПИЈА
Љубов – За Шкорпиите ова е уште еден нормален емотивен месец. Вие сте нежни, партнерот е прекрасен, вие сте желни за љубов и ви подарува прегратки и бакнежи. Исто така, ќе имате одлични совети кои можете да си ги дадете еден на друг, а што е најдобро, сега сте спремни и да ги послушате. Доколку сте слободни, ништо не ве спречува емотивно да се реализирате.
Работа – Потребно е да верувате во себеси, да ја зграпчите поддршката која ви се нуди и да направите голем чекор во вашата кариера. Ќе имате среќа бидејќи вистинските информации доаѓаат во вистински момент. Иако брзо ќе дојдете до решение за сите ситуации кои досега ви биле проблематични, нешто ќе оставите за наредниот период. Оние кои сакаат да ја променат работата или да се активираат во дополнителни активности, сега можат да го направат тоа.
Здравје – Пад на имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Љубов – Марс излегува од вашето поле на сериозни емотивни партнерства и брак на почетокот на месец јуни, но тоа не значи дека сите потешкотии со партнерот ќе ги оставите зад себе. Прво, полната Месечина во вашиот знак кон крајот на првата декада од јуни ќе ви донесе потреба да ги расчистите некои ситуации со саканата личност, точно да кажете што и како чувствувате и евентуално заеднички да се обидете да го решите вашиот однос.
Работа – Венера во вашето поле ќе ви донесе полесно функционирање на дневна база, но и подобри односи и разбирање со колегите. Нивната поддршка и помош и тоа како ќе ви бидат потребни за оние промени кои сакате да ги реализирате и кај себеси, и во работната средина.
Здравје – Ќе воведете нови, позитивни животни навики.