Месечен хороскоп за Јуни: Одличен месец за Бикот, што ве чека вас?
ЈАРЕЦ
Љубов – За да избегнете недоразбирања и потенцијални расправи кои може да се појават во текот на овој месец, ќе морате да ги искористите другите планетарни аспекти кои ви одат од рака. Важно е да не се инаетите и да не бидете тврдоглави, туку да го искористите позитивното влијание на планетите – и работите ќе бидат како што треба.
Работа – Ако ги споите убаво и корисно – ќе бидете повеќе од задоволни. Оние кои се занимаваат со креативни професии, кои се подготвени да ги пласираат своите идеи, оние кои заработуваат врз основа на нивните таленти, ќе бидат поддржани во текот на месец јуни. Ќе работите многу, но и ќе заработите исто толку. И не само тоа, ќе се чувствувате повеќе од добро на вашето работно место.
Здравје – Проблеми со дигестивниот систем.
ВОДОЛИЈА
Љубов – Вие и вашиот емотивен партнер ќе уживате во првата декада на месец јуни. Но, со влегувањето на втората декада овој период, веќе може да дојде до проблематични ситуации. Партнерот и вие ќе можете да разговарате за заеднички планови, околу начинот на воспитување на децата, околу тоа кој и колку време ќе поминувате со пријателите, дури и околу тоа дали некој од вас двајцата флертува со други лица.
Работа – Ќе работите прилично многу – пропорционално на тоа ќе земите прилично многу пари. Вашето поле на соработка со странците ќе биде прилично активно, а некои од вас ќе успеат да договорат добри и исплатливи бизнис активности. Исто така, во текот на овој период ќе ви се отвори можност за уште една, паралелна работа која на почеток ќе ви биде напорна, но од која ќе можете да добиете задоволувачки финансиски надоместок.
Здравје – Започнете со некоја физичка активност.
РИБИ
Љубов – После незадоволството и неисполнетоста кои ги чувствувавте во текот на претходниот период, конечно ќе влезете во месец кој ветува многу подобра ситуација со саканата личност. Меркур, планетата која владее со вашите партнерски односи се наоѓаат во своето седиште и знакот Близнаци и во вашето поле на домот, па оние кои се во брак ќе реализираат вистинска комуникација, отворање и расположеност да се сослушаат желбите и потребите на другата страна.
Работа – Позади себе имате солиден работен период, а во јуни е вистински момент за барања. Не ве очекуваат некои спектакуларни промени и фантастични нови почетоци, но ова е период кога полека одите кон она што одамна сте го зацртале дека треба да го реализирате. За вас овој период ќе важи поговорката: „Убавиот збор, железни врати отвора“. Ќе функционирате на ваков начин и никој нема да може да одолее на вашето влијание.
Здравје – Проблеми со колената.