Место аплауз, добила ууу: Антониа Гиговска откри што е најнепријатното нешто што ѝ го приредиле соучениците

Место аплауз, добила ууу: Антониа Гиговска откри што е најнепријатното нешто што ѝ го приредиле соучениците

Објавена во: Совети // School zone

Младата пејачка откри досега непознати детали од своите средношколски денови...

Антониа Гиговска кариерата ја започна многу млада, уште како средношколка, кога се појави во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Честите отсуства од училиште поради снимањата си го земаа својот данок, па така во едно од интервјуата кои ги даде за Хаштаг откри:

„Па, искрено јас немам многу случки интересни, поради тоа што многу ретко се појавував во училиште. Можеби еден ден ќе ми биде криво поради тоа, но мојата професија го налага тоа и јас не сум виновна за тоа. Можеби немам интересни случки, но во сеќавање ќе ми остане дружбата со најблиските и некои одредени работи, како што се препишувањата итн.“

Но, една навистина непријатна случка ѝ се случила токму на матурската забава. Имено, таа година Антониа беше во Израел, како дел од тимот кој заедно со Тамара Тодевска ја претставуваа Македонија. За да не ѝ биде криво ако не присуствува на матурата, младата пејачка се вратила еден ден порано и го прескокнала славењето со својот тим за големиот успех кој го постигнаа.

Но кога пристигнала во Скопје, добила сосема неочекувани рекации од нејзините соученици и на некој начин, наместо да добие поддршка од нив, таа доби исвиркување.

„Јас се вратив со Дарко Димитров ден пред да се вратат сите други. Се вратив специјално за матурата. Стигнав вечерта, другиот ден се подготвував за матура, бев на проба за фустанот, ги направив сите процедури и вечерта на матурата, професорката по македонски, Каролина, која навистина ми беше многу голема поддршка во тоа време, излезе да ме поздрави и да каже дека сум пристигнала од Израел, дека сме постигнале голем успех со Тамара на Евровизија - 7 место и сите место аплауз да дадат, сите викаа ууу.“ - беше искрена Антониа, која на крајот додаде дека денес на тоа не му дава некое големо значење:

„Ми беше мака, не се осетив баш убаво, ама тогаш бев помала. Сепак сме биле деца, така го гледам тоа.“


Ова искуство, пејачката го откри во емисијата „Еден на еден“, каде зборуваше и за својата кариера и крајот на врската со Иван.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: