Метју Пери бизарно флертувал со 19 - годишна девојка: Дали сум стар како твојот татко?

Метју Пери бизарно флертувал со 19 - годишна девојка: Дали сум стар како твојот татко?

Објавена во: Живот // Живот

Метју Пери е последната позната личност за која се дозна дека ја користи апликацијата за запознавање „Раја“, откако 20 - годишна девојка изјавила дека го запознала актерот на апликацијата и ја прашал: „Дали сум стар колку татко ти?“

Пери, кој моментално е верен со Моли Хурвиц, флертувал со ТикТокерката Кејт Харалсон на видеото, кое беше објавено во четвртокот.

Харалсон, која сега има 20 години, сподели свое видео со натпис: „Кога поради шега, правите „мечинг“ со Метју Пери во забавна апликација, а тој ви поставува 20 прашања“.


Во видеото од 16 секунди, Пери се насмевнува додека ја прашува: „Дали секогаш си играш со косата толку многу?“, „Дали сум стар колку татко ти?“ и слични прашања.

Харалсон, која имала 19 години кога Пери првпат ја контактирал, во четвртокот изјави дека сака да покаже како постарите мажи во Холивуд „ги експлоатираат“ помладите жени апликациите за состаноци.

„Многу луѓе велеа сум насилник и злобна затоа што го објавив ова, и тоа направи да се чувствувам лошо, но во исто време, чувствувам дека многу момци во Холивуд разговараат со сите тие млади девојки на тој начин и дека тоа е нешто за што мислам дека многу луѓе треба да бидат свесни“ - рече Харалсон.

Харалсон тврди дека размената што се наоѓа на видеото се случила во мај минатата година, кога се вели дека Пери накратко раскинал со неговата сегашна свршеница Хурвиц, со која е во врска од 2018 година.

Харалсон изјави дека направила „мечинг“ со Пери затоа што сметала дека размената ќе биде смешна.

Таа тврди дека му рекла на Пери дека тој е само една година постар од нејзиниот татко, а дека тоа го „насмеало“ и посочи дека понекогаш се чувствувала „непријатно“ за време на нивниот разговор.

„Мислам дека не му пречеше“ - тврди таа. „Беше чудно кога разговарав со некој кој е на возраст колку татко ми и едноставно не ми беше во ред, особено кога тој знаеше колку сум млада“.

Таа изјави дека никогаш не се сретнале, иако тој наводно сакал.

„Можеби еден ден можеш да направиш Ковид тест и да дојдеш“ - наводно ѝ рекол тој.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: