Миа и психологот Хаџииванова за децата тинејџери и родителите: Психоактивни супстанци, себе-повредување, анксиозност и депресија
Миа Костова објави интересна и пред се‘ корисна тема за родителите.
Нашата позната инфлуенсерка важи за дама која има влијание врз општеството, па пред неколку дена за помалку од 24 часа заедно со над 200 мали бизниси и 200 луѓе собраа донации за лекување на малиот Никола од општина Центар.
А вчеравечер објави видео интервју на кое таа и психологот Ивана Хаџииванова зборуваат на теми кои ги засегаат родителтие на деца кои се, или пак кои влегуваат во фазата на тинејџери - децата кои растат во поинакво време на социјални мрежи, време на лесна достапност до психоактивни супстанци, училиштен или сајбер булинг, себе-повредување, анксиозности депресија.
Потребни се повеќе вакви едукативни подкасти за родителите, кои мака мачат со секојдневните обврски и грижата и воспитувањето на децата во модерниот свет на технологии.
фото: Принтскрин / Јутјуб