Мик Џегер (79) ја запроси својата долгогодишна партнерка (36): „Тоа е прстен кој ветува“
Фронтменот на групата „Ролинг Стоунс“, седумдесет и девет годишниот Мик Џегер
наводно ја запросил својата долгогодишна девојка, триесет и шест годишната балерината Мелани
Хемрик .
Според пријателите блиски на двојката, Мик ја запросил Мелани, но се уште нема големи планови за свадба.
Мелани предизвика шпекулации за свршувачка минатиот месец кога беше забележана како носи нешто што личеше на веренички прстен.
Мик и Мелани, се запознале во 2014 година, а заедно го имаат шестгодишниот син Деверо.
Како што пренесува Мирор, Мелани при посетата на Њујорк признала дека се вериле. Во американскиот балетски театар, таа на своите пријатели им кажала дека е свршена со Мик. Мелани го нарече овој прстен „ветен прстен“.
Доколку овие шпекулации се точни, ова би бил трета веридба за познатиот пејач. Џегер беше во брак со Бјанка Перез Мора Асијас од 1971 до 1978 година. По тоа, тој ја запроси манекенката Џери Хол, со која беше од 1977 до 1999 година.
Од друга страна, порталот „The Independent“ пишува дека овие шпекулации не се точни и дека парот кој е заедно 10 години се уште не се верил.
Фтото: screenshot/youtube