Милионери преку ноќ: Видео игрите збогатија 5 момчиња
Ако се уште мислите дека видео игрите се само чисто губење на време, размислете за тоа уште еднаш..
Исто како што се изненадивме кога слушнавме дека Кајл Буга Гирсдорф од Пенсилванија го освои Светскиот шампионат за популарната видео игра „Fortnite“, кога стана милионер преку ноќ, како и фактот дека заработи повеќе пари одНовак Ѓоковиќ, сега имаме нов победник.
Тим од пет момчиња освои неверојатни 15.603.133 долари на видео играта Дота 2, „The International“.
Наградниот фонд за сите три места изнесуваше 34.292.599 долари. Ова не е само најголемата парична награда во историјата на е-спортот, туку и најголемата заработка по член.
For the first time in Dota history the reigning champions have defended their crown. The team that defied the odds to win last year, has reclaimed the Aegis of Champions in The International 2019. OG close the Grand Final series in a commanding 3-1 finish. #Dota2 #TI9 pic.twitter.com/ESaHeRjkpP
— The International (@dota2ti) August 25, 2019
Кога наградата се дели на тим од пет члена, секој играч добива нешто повеќе од 3,1 милиони долари.
Во споредба со овие суми, Новак Ѓоковиќ освои 2,9 милиони долари на годинашниот турнинр Вимблдон.