МИНИСО х Лара Иванова – Нов бренд амбасадор на Минисо Онлајн

МИНИСО х Лара Иванова – Нов бренд амбасадор на Минисо Онлајн

Објавена во: После „Школо“ // PR

Како популарен продажен бренд за лајфстајл подароци, препознатлив во повеќе земји низ Европа и Азија, Минисо за својата богата палета на производи испирација пронаоѓа во јапонската мода и стил. Со достапни 11 кaтегории со над 8000 производи, можат да се најдат продукти од производи за нега до играчки и електронски апарати.

Од овој месец ново заштитно лице на новата онлајн кампања на Минисо Македонија е младата, талентирана и успешна пејачка на македонската сцена – Лара Иванова. 

Таа влегува во нова улога како бренд амбасадор, што за неа е уште едно достигнување на почеток на нејзината музичка кариера. Заедно со Минисо имаат соработувано на 8 професионални и приватни проекти, со што ова претставува уште еден чекор кон продолжување на соработката.

Минисо Македонија за своите купувачи, кои се и љубители на онлајн купување и за тие што немаат време да одат до продавница, одлучи да им го олесни купувањето со тоа што со оваа соработка, официјално го најавува и својот веб шоп (онлајн продавница). На самата веб страна секој ќе има можност да ги одбере и нарача омилените производи во неколку лесни чекори и да очекува истите да пристигнат за брзо време до посакуваната адреса. Веб шопот со работа ќе започне во текот на претстојните денови.

Онлајн купувањето е лесно, едноставно и брзо за секој да може да го одбере потребниот подарок. Заштитата на податоците на купувачите на онлајн продавницата се очекува да е на највисоко ниво. 

Во последните две години, навиките за онлајн купување во Македонија се значително променети, а според голем број истражувања и податоци, купувачите во голем број го заменуваат класичниот начин на купување во продавница со купување онлајн и правење онлајн нарачки. Истото е показател за зголемена доверба во онлајн купувањето како вид на шопинг, а истото е делумен резултат поради модерниот начин на живот и новите технологии, чијшто фокус е максимална заштита на податоците на секој купувач. 

Доколку некој е нетрпелив и посакува својот шопинг во Минисо да го направи уште денес, во продавницата, којашто се наоѓа во ГТЦ на ул. 13ти Ноември ГТЦ локал 6 може да направи селекција на слатки, забавни корисни и практични производи.

Минисо, во соработка со Marvel, Mickey & Friends, We Bare Bears, Coca Cola, Walt Disney и уште многу други, имаат свои уникатни производи, како играчки, училишни материјали, чаши, термоси, торби и перници. Сите овие продукти можат да се најдат и во продавницата во ГТЦ, а секако набрзо ќе бидат достапни и на онлајн продавницата.

* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: