Мирсада допре до сите: Откако се собраа парите за на море, пристигна уште една убава вест!
Откако во акцијата се собрани пари за летување на девојчето Мисада Хаџиќ во која се вклучија голем број луѓе, започната е уште една акција во која се собираат пари за купување на крави за семејството Хаџиќ.
Двете акции се успешно завршени, благодарение на помошта на добрите луѓе.
Двете акции кои ги започна здружението „Фокус“ успешно се завршени и семејството Хаџиќ пред себе сега ја има најсветлата иднина.
Во завршницата на собирањето пари за летување и крави, Здружението „Фокус“ ги моли сите кои сакаат да помогнат парите отсега да ги испраќаат само на сметката на мајката, а не на двете сметки како што правеа до неодамна.
Редакцијата на порталот Кликс разговараше со мајката која рече дека е многу благодарна на сите кои помогнаа во акцијата за собирање на парите и во остварувањето на големата желба на нејзината вредна ќерка Мирсада.
Борбата на ова семејство не е завршена, но многу битки се добиени поради помошта која ја добиваа во последните неколку дена.
„Целото семејство ќе оди на одмор во Макарска на почетокот на јули, што им го овозможи туристичката организација „Вуковиќ“ од Дубице. Тие први се јавија, па семејството сакаше да ги испочитува. Би сакал да нагласам дека семејството се заблагодарува на сите кои им понудија други дестинации и парична помош“ - рече за Кликс претседателот на здружението „Фокус“, Недим Кривдиќ.
Ова здружение веќе најде крави кои ќе ги поклони на семејството Хаџиќ.