Миша се роди со Даунов синдром: Мајката сакаше да го даде за посвојување, еве што направи таткото
Јевгениј Анисимов е млад руски татко кој се обидува да се справи со предизвиците на татковството
Пресвртот во неговиот брак се случил кога добил дете со Даунов синдром. На нивниот новороден син му бил дијагностициран Даунов синдром, вродена аномалија предизвикана од дуплирање на дваесет и првиот хромозом.
Јевгениј бил очаен, но на крајот го прифатил тоа што се случило. Неговата сопруга, пак, имала свои идеи и решила да го даде детето на посвојување бидејќи финансискиот товар ќе ги осакати како семејство. Јевгениј не се согласил. Тој прифатил дека сопругата ги напушта и решил сам да го одгледа нивниот син.
Евгениј знаел дека детето заслужува да биде среќно и сакано, а Миша бил негов син. Можеби на почетокот му било тешко да ја прифати веста, но тоа не го променило фактот дека го сака своето бебе. Никогаш не го гледал својот син како дете со Даунов синдром. Тој беше само негов син и така се однесуваше со него, пренесува порталот „Secret Life of Mom“.
Во обид да се едуцира и просветли, тој ја искористи оваа прилика да ја прошири свеста за Даунов синдром. Тој сака да научи што е можно повеќе луѓе за тоа. Не поради внимание и слава, туку затоа што, како што вели, навистина се грижи за својата мисија.
„Сакам сите написи за Мишка и мене што се објавени сега да ја пренесат таа идеја на општеството и да ја всадат. И, исто така, сакам да го користам мојот пример за да ги поддржам и инспирирам оние луѓе кои се или ќе бидат во иста ситуација како мене. Се обидувам да комуницирам со оние кои ми се блиску, се допишувам со оние кои се далеку. Се надевам дека тие што сега имаат потешкотии, како што имавме ние, читаат за нас. Не плашете се! Сè ќе биде добро“, изјави овој татко
Неговата желба да се вклучи и да им помогне на другите луѓе кои се борат со истиот проблем му овозможи лесно да ја преболи поранешната сопруга.
Извор: www.najzena.rs