Мислела дека е во врска со популарниот актер од „Stranger Things“: Му платила 10 илјади долари и го оставила сопругот

Мислела дека е во врска со популарниот актер од „Stranger Things“: Му платила 10 илјади долари и го оставила сопругот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Самохрана мајка од Кентаки запознала непознат маж на интернет, а тој ја убедил дека е актерот Дејкр Монтгомери од популарната серија на Нетфликс.


Филмскиот уметник Мекејла од Кентаки, голем фан на серијата „Stranger Things“, стана жртва на сериозна измама кога непознат маж на интернет ја убедил дека е ѕвездата на популарната серија, актерот Дејкр Монтгомери (28) пишува ТМЗ.

Тој го играше ликот на Били Харгроув во серијата, а човекот кој се преправаше дека е тој беше пронајден од Мекејла на форум за филмски уметници. Самохрана мајка која долго време била во  токсична врска, се приклучила на форумот за да запознае нови луѓе.

Потоа ја контактирал анонимен корисник кој тврди дека е актерот.

- Само кликнавме, но секако, ми беше сомнително се додека не почна да прави работи што ме натераа да му верувам - рекла Мекејла која го оставила сопругот поради лажниот актер.

Откако го оставила сопругот, измамникот побарал нешто друго од неа.

-Можеби ми треба малку помош со пари, моја кралице... Девојката ми ги контролира сите мои сметки и немам пристап до нив - и напишал измамникот.

Мекејла, која верувала дека ја нашла својата сродна душа, му испратила на лажниот Дејкр неколку подароци и му испратила вкупно 10.000 долари.

- Ако сте некој како мене кој се плаши да не биде напуштен и сака да им угодува на луѓето, ваквите измамници го искористуваат тоа - рекла самохраната мајка.

Фото:youtube/screenshot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: