Мислеше дека купил евтин модерен телефон: Тинејџер се избламира „за сите пари“
Еден тинејџер од Тајланд неодамна ги доби своите пет минути
слава, откако неговиот онлајн шопинг
не заврши добро. Имено, младиот човек помислил дека купил евтин мобилен
телефон, но на неговата адреса пристигнало биро во форма на iPhone, пишува Oddity Central.
Кога инаку скап производ се продава преку Интернет по драстично пониска цена, нешто обично не е како што треба. Но, лесно е да се вклучите и да кликнете на копчето за купување, за некој друг да не ја искористи оваа единствена можност.
Ова е токму она што му се случи на еден млад купувач на нов модел на телефон „Ејпл“ од Тајланд, кој сметал дека зграпчил евтин „Ајфон“. Но, кога пакетот пристигнал на неговата домашна адреса, тој имал што да види.
Имено, кутијата со „телефонот“ била скоро иста висина со тинејџерот, па морал да го признае поразот. Тој навистина добил телефон, но не оној што го сакал. Ако повеќе внимателно го прочитал описот на производот пред да го купи, ќе сфател дека не станува збор за мобилен телефон, туку за маса во форма на iPhone.
Фото: Фесјбук/OddityCentral