Мистеријата на прошталното писмо на Кика Ѓукиќ: Неутешната мајка Наташа ги изнесе доказите (ФОТО)
Според нејзините зборови, некој друг ја составил пораката, а не нејзината покојна ќерка...
Кристина Кика Ѓукиќ почина минатата година, на почетокот на декември. Веќе извесен период, активно кружат приакзните за нејзиното самоубиство, како последица на големата депресија. Меѓутоа, нејзината мајка Наташа Ѓукиќ Величковиќ тврди дека тоа не е вистина.
Неутешната мајка, најпрво сними видео кое го објави на Јутјуб каналот на Кика. Во потресната исповед, помеѓу останатото нагласи дека некој друг сигурно ја напишал последната порака, а потоа го покажа и датумот на документот, што многумина остави без зборови.
„Ќерка ми Јелена ми кажа дека кога била да го идентификува телото, под окото на Кика видела модринка, како некој да ја удрил со тупаница. Можеби Кика токму поради тој удар лежела во таа положба. Другарка ѝ кажала дека ми се јавила дека на Кика не ѝ е добро, а дека јас сум ѝ кажала дека подготвувам роденден. Кажала и дека Кика два пати се обидела да се убие, што не е вистина“ - зборува Наташа, па додаде:
„Детективските агенции веднаш ми кажаа дека се заинтересирани штом го слушнаа името на мојата ќерка. Еднаш му кажа на момчето дека сака да се убие, па тој ја носеше и во „Лаза“, но таму веднаш кажала дека не би се убила, туку дека само сакала да дојде до болницата. Кика беше голем манипулатор, кога е љубовта во прашање, и многу себична. Никогаш не би се убила. Бог нека им простува на сите, на мојата ќерка можеше да ѝ се помогне. Наводното проштално писмо на кика е напишано еден ден откако е убиена. Таа не можела да го напише тоа писмо, туку некој друг“ - тврди таа, која на самиот крај го објави и мистериозното писмо, кое наводно нејзината ќерка го напишала пред смртта.
„И уште едно нешто, нека ми објасни некој како Кика можела да го остави прошталното писмо откако починала?“ - праша Величковиќ, алудирајќи на тоа дека во белешките на компјутерот покажува дека писмото е напишано еден ден по смртта на Кика, во 12:50 часот.
Инаку, во писмата може да се видат имињата Ана, Ивана, Милан, а најпрво пишувало - мамо.
фото: Принтскрин / Јутјуб