„Многу безобразно“: Камила Кабело им се обрати на навивачите кои ги пееја химните на нивните тимови за време на нејзиниот настап на Лигата на шампиони
Пејачката Камила Кабело настапи во саботата на „Стад де Франс“ во Париз пред финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Меѓутоа, додека таа настапуваше, навивачите на стадионот наместо да уживаат во нејзиниот речиси шестминутен ансамбл, ги пееја химните на своите тимови.
После тоа се огласи и самата пејачка очигледно изреволтирана од тоа и напиша: „Повторно го гледам настапот и не ми се верува дека луѓето толку гласно ги пееја химните на своите тимови за време на нашиот настап. Мојот тим и јас работевме неуморно долго за да обезбедиме добро шоу“. Набргу потоа таа рече: „Многу непристојно и безобразно, но како и да е мило ми е што ви се допадна“
Еден корисник се обиде да ѝ објасни на пејачката зошто европските фудбалски фанови биле вознемирени пред натпреварот: „Само да знаеш. Европските љубители на спортот се страствени. Многу навивачи живеат за своите клубови, тоа е нивниот начин на живот. Не е како во САД каде што луѓето доаѓаат на шоуто, па поплаката ти е смешна“.
Видео од настапот на Камила: