Модно совршенство во режија на Ева Заева: Девојката со беспрекорен стил и уникатни високи потпетици (ФОТО)

Модно совршенство во режија на Ева Заева: Девојката со беспрекорен стил и уникатни високи потпетици (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако јавноста ја запозна како внука на поранешниот премиер Зоран Заев, Ева Заева е талентирана девојка која стекна голем број поддржувачи и следбеници на социјалните мрежи, токму поради самата себе.

Покрај нејзината убавина на која многумина се восхитуваат, тврдејќи дека во неа лежи огромен потенцијал за да се реализира во улогата на модел, Ева има изградено и свој стил кој е олицетворение на едно модно совршенство.

Таа ретко споделува фотографии на социјалните мрежи, но деновиве успеавме да забележиме едно супер модно издание кое остава без здив.

Во бебешко син комбинезон искомбиниран со розе чанта и уникатни високи потпетици во виолетова боја и посебни детали, Ева повторно докажа дека е модна икона која знае како да игра со бои, дезени и модели, совршено вклопувајќи ги во една модна приказна.

фото:instagram

Поврзани вести:

Во супер модерен фустан: Внуката на премиерот, Ева Заева синоќа го прослави 21-от роденден

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: