Моето последно видео: Бака Прасе се збогува со Јутјуб
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе - еден од најпопуларните српски јутјубери, реши да се повлече од јавната сцена.
Бака Прасе мина низ еден турбулентен период во претходните недели, откога беше обвинет за многу работи, како педофилија и несоодветен контент, па како што наведува сега, заради сето тоа, решил да ја напушти ЈуТјуб сцената, барем некое време.
Како што објасни во клипот наречен „Моето последно видео“, тој помина низ тешки моменти и сега се повлекува за да го пронајде својот живот пат.
- Сега ви се обраќам вам, луѓето што стојат крај мене кога е најлошо. Ви благодарам од дното на моето срце, ми значи сè што правите за мене и знам дека ќе ја разберете оваа моја одлука, дека треба да размислам за тоа што ќе правам понатаму. Морам да размислам дали мојата иднина е ЈуТјуб, дали мојата иднина е нешто друго - рече Бака Прасе и продолжи:
- Ова многу ме вознемири, ме фрли во размислување на стотици различни начини, така што морам да се соберам себеси, да видам за што станува збор, што се случува. И морам да размислам многу, многу добро, за тоа што ќе правам следно. Ви благодарам и сите ве сакам.
ВИДЕО
Сите ги шокираа: Бака Прасе и Теодора Џехверовиќ се бакнуваа