Моите деца ги тепаат на училиште: Георгина Родригез е загрижена по преселбата во Саудиска Арабија
Изгледа дека семејството на Роналдо не наиде на најдобар прием во оваа земја...
Георгина Родригез, девојката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, откри што доживуваат нејзините деца во Саудиска Арабија.
Таа кажа дека нејзините деца се „тепани од другите деца на училиште“, додека се борат и се обидуваат да се прилагодат на новиот живот во оваа арапска земја.
Во ноември, Роналдо со заедничка согласност го напушти Манчестер Јунајтед и се приклучи на Саудиската професионална лига, поточно на клубот Ал-Наср.
Во интервју за „Телемундо“, манекенката откри дека нејзините деца имале проблеми на училиште.
„Во училиште има моменти кога ги удираат, а тие не се бранат и потоа паѓаат. Пред некој ден едно од моите деца го удриле на училиште и кога дојде кај мене почна да плаче и да вика „мама““ - кажа Георгина, а потоа додаде:
„Јас прашав, па што не е во ред, по што следуваше одговорот „Ме удри дете““.
Кристијано Роналдо, поранешната ѕвезда на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус е татко на 5 деца, и тоа: Кристијано Роналдо Јуниор, Алана Мартина, Бела Есмелралда, Ева Марија и Матео Роналдо.
фото: Принтскрин / Инстаграм