Моите малолетни деца ќе пијат алкохол за празниците: Наташа ги шокираше другите родители со изјавата дека децата би требало да пијат дома
Дали би дозволиле вашите малолетни деца да конзумираат алкохол за празниците?
Не е забрането децата испијат некоја голтка алкохол дома од 5-годишна возраст, но здравствениот експерт д-р Арик Сигман вели дека пристапот до пијалоци на млада возраст ја зголемува веројатноста за зависност подоцна во животот.
Хана Вердиер има 50 години и живее со ќерките Мими (13) и Ева (10) во Сиденхам, југоисточен Лондон, вели: „Нема шанси моите ќерки да пијат алкохол дома додека не станат доволно стари“. Таа додава и дека алкохолот е катализатор што ги тера луѓето да танцуваат, да се кикотат и да се караат, но тинејџерите веќе ги поседуваат тие вештини, па затоа родителите треба да го поттикнуваат со тоа што ќе им дадат џин?
Исто така нагласи дека 20-тите години ѝ поминале низ магла и благо тетеравење, бидејќи не умеела да се сопре кога е алкохолот во прашање.
„Наша работа е да ги негуваме нашите деца дома, а не да ги охрабруваме да избегаат од контрола, така што секој родител кој ќе им понуди алкохол бара неволји“ - додаде Хана, но и наговести дека нема да има ништо против ако посакаат да испијат по некоја часа кога ќе станат полнолетни.
Наташа Кардинг (46) не се сложува со ваквото размислување и тврди дека во нејзината куќа нема забрана за алкохол, бидејќи порано или подоцна децата ќе посегнат по него.
„Мојот син Зак е помеѓу 43 отсто од младите од 10 до 17 години кои велат дека пробале алкохолен пијалок. Овој Божиќ, тој и неговиот татко заедно ќе отворат пиво или две за да прослават. Како негови родители, попрво би им дозволиле да експериментираат дома, отколку зад нивниот грб. Да го пронајдам некаде легнат на клупа во парк е многу пострашна перспектива“ - изјавува Наташа и дадава: „Го охрабруваме да пие умерено, за да нема потреба да с екрие. Зак имаше 15 години кога првпат проба пиво, но постојат ограничувања“.
Таа вели дека знае деца на кои родителите во потполност им забрануваат алкохол и дека тие се прикрадуваат на забави среде ноќ, за разлика од Зак кој знае дека искреноста е најдобра политика на секој фронт.
„Во текот на тинејџерските години, децата ги поместуваат границите. Забранете им пијалоци, и тие ќе ги сакаат уште повеќе. Нашата гаража ја претворивме во „пештера за деца“ за Зак и неговите пријатели, и ако сакаат да пијат алкохол, инсистирам прво да побараат дозвола. Бидејќи сум толку отворена, децата не чувствуваат потреба да се кријат и нели е тоа она што секој родител го сака?“ - се прашува Наташа.
фото: unsplash.com