Мојот маж е убиен, а син ми го чека: Фотографијата од момчето на погребот го скрши целиот свет
„Секој ден стои пред вратата и го чека татко му да се врати дома. Ќе застане до прозорот и вика: 'Тато, тато'. Со него ги направи првите чекори и му се фрли в прегратки. Првиот збор му беше 'тато'“ - раскажа за британскиот „Мирор“, Оливија Кили.
Нејзиниот сопруг Луис Бегшоу почина пред три месеци откако во Шефилд на улица го избоде 16 - годишно момче. Младата мајка која сега 18 - месечниот син го одгледува сама, собра храброст и сподели фотографија од погребот.
На неа малото момче и помага да го закопаат неговиот татко.
„Морав да го направам тоа. Кога ја видов фотографијата, срцето ми беше скршено. Но, таа е важна бидејќи ја покажува реалноста и последиците од нападот со нож“ - рече Оливија за „Мирор“, која се вклучи во кампањата за борба против сите чести напади низ Британија.