Моќна приказна: Јутјуберката проговори за борбата со булимијата

Моќна приказна: Јутјуберката проговори за борбата со булимијата

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ана храбро проговори за сопствената борба и им порача на девојките кои минуваат низ истата ситуација да побараат помош и да се отворат пред блиските. Секогаш постои начин како да се извлечеш од проблем, само треба да проговориш...

Јутјуберката Ана Рогаќ проговори за својата голема животна борба. Оваа ведра и насмеана девојка долго собираше храброст, а потоа седна пред камерата и за Јутјуб ја сними својата приказна за борбата пореметувањето во исхраната.

Во емотивната исповед, Ана откри како започнале сите нејзини проблеми. Со само 14 години, кога била седмо одделение, друго девојче од училиштето на Ана и ги соблекло гаѓичките, а едно момче ја фотографирало. Од тој ден во училиште доживувала „булинг“, а во домот тагата ја надминувала со храна. Набрзо се поправила 20 килограми и како што кажува, кога тргнала во средно училиште била полничка и никој не ја забележувал.

Одлучила да ги намали килограмите, па ги намалила оброците и набрзо ослабнала 18 килогрмаи. Откако момчето ја оставило повторно започнала многу да јаде, но овој пат откако ќе се прејадела - повраќала. Мислела дека така ги губи сите емоции и дека ја исфрла насобраната храна од своето тело. Се плашела да разговара и да им се довери на блиските.

Ана наведува дека премалку се зборува за пореметувањето во исхраната, а од истото боледуваат илјадници девојки и момчиња ширум светот. Таа сфатила дека има проблем откако „прогуглала“ што се случува со нејзиното тело. Зборувала со својата мајка, па откако се исплака заминале на доктор.

Иако повеќе од една година се борела заедно со родителите, кога болеста се вратила, не сакала да им каже што се случува па борбата ја започнала сама. „Не сакав повторно да ги оптеретувам“ - вели.

„Во тој период, тие пет години, имав подеми, падови, пробував да се пронајдам себе... На себе гледав површно, само ми беше важно да им се допаднам на сите, да мислам дека сум згодна, да ми кажуваат колку сум слаба. Барав љубов на погрешни места, иако преголема љубов имав од своите блиски. Но, во тој момент тоа не ми беше важно, колку што ми беше важна таа некоја нереална љубов од некое момче...“

Болеста на Анаа, освен силните психички, оставила и физички траги. „Изгубив многу коса, ми беа отечени лимфните јазли, денес поради сето тоа имам чести болки во грлото, забите ми се оштетени, има чести проблеми со воспаление на бубрезите, имам алергии на многу силни продукти...“ - раскажа.

„Но, психички трагите се многу полоши. Иако сум сега добро, некогаш не беше тоа така... Се чувствував грозно, имав промени во расположението, бев депресивна“ - кажува Ана, која за крај на сите девојки кои поминуваат низ слични проблем им порача задолжително да зборуваат со некој возрасен за она што ги мачи.

„Постојат луѓе кои може да ви помогнат, кажете им на своите блиски, можете да го препродите тоа, но немојте да пробувате сами. Немојте да се плашите да побарате помош од некој, некогаш некој ќе ве разбере“ - порача јутјуберката.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: