Момче се бори за живот откако испроба нов ТикТок предизвик: Лекарите ги предупредуваат родителите повеќе да внимаваат на своите деца

Момче се бори за живот откако испроба нов ТикТок предизвик: Лекарите ги предупредуваат родителите повеќе да внимаваат на своите деца

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Задачата е да ставите две метални топчиња од двете страни на јазикот и да се преправате дека имате прободен јазик.

Елис Трип, 11-годишно момче од Велика Британија, се наоѓа во сериозна состојба и се бори за живот во болницата - откако проба нов вирален предизвик, покренат од корисниците на социјалната мрежа ТикТок. Задачата е да ставите две метални топчиња од двете страни на јазикот и да се преправате дека имате прободен јазик.

Елис се обидел и случајно ги проголтал двете топки. Тој се чувствувал лошо една недела и е хоспитализиран од средата. Лекарите помислиле дека му пукнало дебелото црево, па се шокирале кога сфатиле дека всушност станува збор за магнетни топчиња - кои се лепат на хируршката опрема.


Тој бил пренесен во болница во Бирмингем каде бил подложен на две операции во кои му биле отстранети 12,5 сантиметри од цревата. Според „Дејли меил“, лекарите рекле дека Елис е петтото дете што е хоспитализирано во последната недела поради овој предизвик.

Мајката Ејми Кларк рече дека не знаела од каде дошле топките кај нејзиниот син затоа што ги немале дома, но ниту имала идејата од каде го видел и испробал предизвикот кога тој воопшто немал профил на ТикТок. Лекарите, но и мајката Ејми, ги предупредуваат родителите и наставниците да проверуваат кај децата дали има топки и да обрнат поголемо внимание на она што нивните деца го гледаат и прават на Интернет.


Фото: Дејли мејл/Твитер

Moжеби ќе ве интересира:

Збогум на галериите, младите уметници се префрлија на ТикТок: За објава добиваат по 5.000 долари, за сликите многу повеќе

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: