Момче со знаење ја плаќа храната што ја јаде во пекара!
Росангела Амарал е сопственичка на пекара „Coffee with milk“ во бразилскиот град Еспирито Санто и е вистински пример за многу сопственици. Имено, таа му помага на едно момче кое живее во тој град само и без никој.
„Доколку учиш редовно ќе можеш да си ја платиш храната во пекарата“ - биле зборовите на Росангела, кои го мотивирале ова момче. Тоа секој ден по училиште оди да и покаже што работел тој ден и секако што научил, а таа дури му помага и за домашната работа.
Освен ова, таа е и негов претставник во училиштето и се грижи за ова момче да има подобра иднина и да израсне во добар човек.