Момче „врколак“ - поради ретката болест изгледа како лик од хорор филм (ФОТО)

Момче „врколак“ - поради ретката болест изгледа како лик од хорор филм (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Иако цел живот бил малтретиран, сепак има позитивен став во животот...

Лалит Патидар, момче кое пати од „синдромот на врколак“, откри дек ацел живот бил малтретиран поради неговата ретка здравствена состојба, но се заколна дека „секогаш ќе се труди да биде среќен и да ги прави другите среќни“.

Ова 17-годишно момче, пишува „Daily Mail“, е ученик од малото село Нандлета во Индија. Целото тело му е прекриено со влакна уште од шест години, кога му била дијагностицирана хипертрихоза, икслучително ретка состојба за која се смета дека е пронајдена кај само околу 50 луѓе ширум светот.

Цел живот бил истакнувам во својата средина, а суровите другарчиња од училиште го нарекувале „момче мајмун“ и „се плашеле да не ги касне“. И покрај тоа што било малтретиран, тој има позитивен поглед на животот и сега сонува да стане успешен Јутјубер.

Потекнувам од нормално семејство, татко ми е земјоделец, а јас моментално сум матурант. Истовремено, му помагам на татко ми во земјоделските работи“ - изјави Лалит.

Цел живот имам толку влакна на телото. Моите родители велат дкеа докторот ме избричил при раѓањето, но јас не забележав дека нешто е поинакво на мене, додека не наполни околу 6 или 7 години. Тогаш првпат сфатив дкеа влакна ми растат по целото тело, како на никој друг кој го познавам. Тогаш дознав за хипертрихозата, многу ретка состојба која ја имале само околу 50-тина луѓе во светот“ - објаснува 17-годишното момче.

„Во моето семејство нема историја на „влакнетост“, јас сум единствениот со оваа болест“ - додаде тинејџерот.

Лалит води нормален живот. Оди на училиште и помага на семејниот имот, а почнал да пишува блог и да снима видеа.

„Не се вознемирив кога почнаа да ми растат влакна, бидејќи тогаш бев многу млад, но членовите на семејството и моите родители многу се загрижија“ - тврди Лалит.

„Малите деца се плашеа кога ќе ме видеа, а јас како дете не знаев зошто. Како што растев, сфатив дека имам влакна на целото тело, што се разликуваше од останатите деца“ - додаде тој и истакна дека децата се плашеле дека ќе ги „гризне како животно“.

Моментално не постои лек за неговата состојба, но тој научил да живее со тоа и иако како дете се борел со малтретирање, сефа сфатќа дека тоа е она што го прави единствен.

„За сега, нема лек. Ги сечам влакната ако почувствувам дека стануваат предолги. Тоа е како коса на главата, ќе продолжи да расте, немам друг начин да се справам со нив и не верувам дека некогаш ќе има лек“ - признава. 

Вели дека соучениците го задевале, а возрасните личности мислеле дека митско битие.

„Кога бев млад, луѓето ме гаѓаа со камења, а тоа воопшто не е фер кон едно дете“ - се присети момчето.

Младиот Лалит напоменува дека е важно да се почитуваат сите луѓе, како и да изгледаат. Тој се води по мсилата дека секогаш треба да се однесуваш добро кон сите, бидејќи никогаш не знаеш низ што некој поминува.

„Важно е да се биди среќен, но и да се направат другите среќни“ - заклучи на крајот Лалит.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: