Момчето на Џиџи Хадид ја посрамоти: Раскина со неа во емисија
Една од најбараните манекенки Џиџи Хадид, по прекинувањето на врската со Зејн Малик започна романса со манекенот и ријалити ѕвездата Тајлер Камерон.
Додека многумина мислеа дека овие двајца се и понатаму во врска, Тајлер гостувајќи во една емисија ги зачуди сите кога изјави нешто поради кое сега се зборува на сите социјални мрежи.
На прашањето на водителката дали е во врска и дали може да каже нешто за Џиџи, манекенот одговори: „Можеби сум сингл? Таа ми е пријателка, се видовме неколку пати, сега е во Париз...“.
Познато е дека ниту Џиџи, ниту Тајлор не сакаат да ја демантираат, а ниту да ја потврдат веста дека се заедно, но сепак оваа изјава на манекенот ја изненади јавноста, па следбениците на убавата Џиџи веднаш реагираа и на Инстаграм му го порачаа следното: „Доколку не си сингл, по ова би можело да бидеш!“.