Можам да бидам подобар и ќе бидам: Џастин Тимберлејк упати јавно извинување до Бритни Спирс

Можам да бидам подобар и ќе бидам: Џастин Тимберлејк упати јавно извинување до Бритни Спирс

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Пејачот Џастин Тимберлејк јавно ѝ се извини на својата поранешна девојка Бритни Спирс, по емитувањето на документарниот филм „Framing Britney Spears“, чија првична идеја било да се расветли движењето #FreeBritney, кое се залага за укинување на старателството на таткото врз поп-sвездата.

По документарецот, многу обожаватели беа повеќе фокусирани на односот на Бритни со Џастин, поради што тие побараа Тимберлејк да ѝ се извини на Спирс за начинот на кој се однесувал кон неа додека биле во врска. А, тој се извини.

Имено, Џастин се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и и го испрати на Бритни очекуваното извинување.

„Видов пораки, ознаки, коментари и грижи и сакам да одговорам. Длабоко жалам за времето во мојот живот кога моите постапки придонесоа за проблемот, кога зборував на погрешен начин или не зборував за тоа што е правилно. Разбирам дека не успеав во тие моменти и во многу други и имав корист од системот што поддржува мазигонија и расизам“, започна Џастин.


„Особено сакам да им се извинам на Бритни Спирс и Џенет Џексон, особено затоа што се грижам за нив и ги почитувам тие жени и знам дека потфрлив“, напиша Тимберлејк и додаде:

„Оваа индустрија е полна со недостатоци. Тоа ги става мажите, особено белите, во позиција да успеат. Дизајнирана е на тој начин. Како човек во привилегирана позиција, морам да зборувам за тоа. Поради моето незнаење, не го препознав сето тоа во моментот кога тоа се случуваше во мојот живот, но не сакам повеќе да просперирам поради другите што се повлечени“, изјави популарниот пејач и заклучи:

„Длабоко се грижам за добрата состојба на луѓето што ги сакам и кои ги сакав. Можам да бидам подобар и ќе бидам подобар“.

Да потсетиме, пејачот ја обвини Бритни за раскинувањето, по што дискретно ја прогласи за прељубница во јавноста.

Имено, Џастин Тимберлејк всушност стана ѕвезда по тоа раскинување, бидејќи во 2002 година го објави хитот „Cry me a river“, песна во која сите заклучија дека се зборува за тоа како Бритни го изневерува, бидејќи актерката во спотот е доста слична на познатата пејачка.


Фото: Profimedia

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: