Му преседна патувањето: Виктор Живојиновиќ се повреди во Монако, па итно бил вратен во Белград!
Помладиот син на Брена и Боба се врати во Белград за да се опорави од повредата.
Поради повреда е прекинато луксузното патување на помалиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор, пренесуваат медиумите. Живојиновиќ со нетрпение го чекал одморот во Монако, но мораше итно да се врати во Србија, откако се лизна и ја повреди ногата, а отокот и болката во коленото не му поминале ниту со ладни облоги и лекови.
Како што понатаму се наведува, Виктор бил сериозно загрижен и решил да замине во Белград и да ги направи сите лекарски прегледи. Кога мајка му да и каже дека се чекира на првиот лет, таа останала шокирана, бидејќи веднаш се сетила што се случило кога паднала во Хрватска, ги скршила двете раце и завршила во болница во гипс.
- Виктор незгодно му згазна на стапалото и коленото му крцна. Не е ништо страшно, но Брена е паничарка, веднаш најлошото и поминува низ глава. Нормално, кога има такви ситуации, синовите избегнуваат да и се јавуваат, бидејќи многу се грижат, но Виктор баш и не очекувал драма. Патувањето навистина му пречеше, но здравјето е на прво место и затоа се врати. Плус, во куќата имаат уред кој ги регенерира ткивата и го забрзува закрепнувањето - изјави за српски „Свет“ извор близок на Живојиновиќ.
Фото:viktorzivojinovik/instagram