Му пресуди културата „cancel“: Инфлуенсер почина на 17 години

Му пресуди културата „cancel“: Инфлуенсер почина на 17 години

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Се бореше со депресијата

Интернетот може да ве крене во облаци, но ретко се зборува за пропратните ефекти кои тој ги има на ѕвездите.

Уште една жртва од светот на познатите е 17 - годишниот американски инфлуенсер Итан Петерс, кој е пронајден мртов минатиот викенд.

Во бањата безсознание го пронашол неговиот татко Гералд Петерс, кој е убеден дека неговиот син се предозирал, поракј тоа што се уште нема официјални резултати од обдукцијата.

„Не можеше да ја поднесе културата „cancel“. Се што сакаше е да биде инспирација, да ги засмева луѓето и да ги поместува границите на тоа што е прифатливо во нашиот свет кога младите се во прашање“ - рече неговиот татко.

„Беше прекрасна душа, која секој би ја прифатил таква каква што е.“


Неговата последна објава подеднакво е вознемирувачка. „Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ме малтретираа, тоа го правам секоја година само за да видам колку сум се променил“ - напиша под фотографијата во која се спореди себе од детството и денес.

Неговата колешка Ава Луис ја сподели веста со јавноста и објасни дека се предозирал со лекот „Percocet“ за време на викендот.

Додаде и дека со години се борел со депресија, поради што ја развил зависноста од тој лек.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: