Мудрости на нашите родители кои засекогаш ќе ги паметиме!
Колку пати се случило да превртиш со очите на советите на своите родители, а подоцна да размислиш за она што ти зборувале и да сфатиш дека сепак биле во право?!
Во продолжение ви ги издвојуваме највпечатлите совети кои сигурно ви ги давале вашите родители:
# Еден ден ќе имаш и ти деца, па ќе ти биде јасно што сум ти зборувал/а!
# Не биди толку тврдоглав/а и направи како што ти кажувам!
# Размисли два пати пред нешто да кажеш или одлучиш!
# Не учиш за оценки или за мене, учиш за животот!
# Сето ова ти го зборувам за твое добро!
# Ќе ме испратиш во лудница!
# Кога бевме млади, ги слушавме родителите!
# Сето ова еден ден ќе ти се одбие од глава!
# Порасни веќе еднаш!
# И јас во твои години мислев дека сум најпаметен/најпаметна во светот, но...!