Музички продуценти поднесоа тужба против Џејк Пол
Џејк го тужеа музички продуценти, а тој ја отфрла тужбата како безсмислена.
Музичките продуценти Ерик Белз, Џонатан Пакфар и Шајн Абрахамс поднесоа тужба против јутјуберот Џејк Пол, под обвинение дека украл нивна песна. Во тужбата навеле дека нивната песна „Bad Santa“ се појавува со верзијата „Litmas“ на Џејк. Продуцентите оваа песна ја објавиле во 2015 година, а онаа на јутјуберот е објавена во 2017, јавува Tubefilter.
Продуцентите велат дека Џејк ги прекршил правилата, бидејќи со нив повремено го делел студиото. Поднеле тужба со цел Џејк да го тргне видеото и да им исплати дел од заработката која ја добил поради песната.
Потпаролите на јутјуберот одговорија на тужбата и истакнаа:
„Ова е слаб обид преку кој се користи правниот систем на САД за некој да добие популарност со помош на безсмилена тужба“.
Песната „Litmas“ е многу популарна, а за тоа кажува и бројката од 17 милиони прегледи на Јутјуб. Како ќе се одбива оваа тужба, останува да видиме.