Музички времепелов: Настапот на Шон Мендес и Камила Кабелјо по кој сите мислеа дека засекогаш ќе останат заедно
Како што пишуваат светските медиуми Шон Мендес и Камила Кабелјо повеќе не се двојка. За оваа вест многумина останаа шокирани, бидејќи пејачите во исто време веста ја потврдија и споделија со своите обожаватели на Инстаграм.
Но, пред две години, па и повеќе, никој не насетуваше дека помеѓу нив ќе дојде крај. Имено, првите искри помеѓу нив се јавиле за време на снимањето на песната „Сењорита“, а како што одминуваше времето, полека престануваа да се кријат.
Доделувањето на музичките награди „МТВ“, тие за првпат го изведоа во живо нивиот дует, а тогаш веќе многумина почнуваа да ја насетуваат хемијата помеѓу нив. Исто така, по овој нивен заедничка настап нивните обожаватели беа убедени дека тие двајца ќе останат заедно засекогаш.
Во продолжение ве потсетуваме на нивниот настап: