Музички времеплов: Игор Џамабазов во дует со Тоше ја пее „Карамфило, фил - фило“

Музички времеплов: Игор Џамабазов во дует со Тоше ја пее „Карамфило, фил - фило“

Објавена во: Stars // Музика

Додека за многумина беше сон и желба да отпеат барем една песна со Тоше Проески во дует, за некои тоа беше јаве. Еден од листата кои имаат можност да запеат со Тоше беше и најпознатиот македонски шоумен и актер, Игор Џамбазов, кој вчера наполни 58 години.

Тој беше водител на многу манифестации на кои наградите ги освојуваше Тоше, но еден од најуникатните моменти е кога тие двајца заедно ја пеат „Карамфило, фил - фило“. Иако оваа изведба има само аудио, по нивните гласови може да препознаете дека ова видео е од почетоците на Тоше и од младоста на Џамбазов.

Како звучат тие двајца во дует, слушнете во продолжение:


Инаку, оваа изведба можебме да ја слушнеме и на 15 - тата Златна Бубамара на популарноста, на која Игор не криеше дека била вистинска привилегија да се пее со Тоше.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: