Музички времеплов: Песните што си ги посветија Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк по прекинувањето на врската

Музички времеплов: Песните што си ги посветија Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк по прекинувањето на врската

Објавена во: Stars // Музика

Изминатиов период целиот свет испраќа поддршка за Бритни Спирс откако поп принцезата за прв пат пред судот ја кажа вистината за принудното старателство од страна на татко ѝ за кое молчеше со години.

Како и луѓето ширум светот, така и Џастин Тимберлејк, првото момче на Бритни, со кое беше во врска од 1998 до 2002 година, испрати јавна поддршка до неа, сега кога конечно одлучи да се бори судот да ја поништи одлуката за старателство, иако тие не беа во добри односи по завршувањето на нивната врска.

Имено, Џастин Тимберлејк всушност стана ѕвезда по тоа раскинување, бидејќи во 2002 година го објави хитот „Cry me a river“, песна во која сите заклучија дека се зборува за тоа како Бритни го изневерува, бидејќи актерката во спотот е доста слична на познатата пејачка.

Тогаш пејачот ја обвини Бритни за раскинувањето, по што дискретно ја прогласи за прељубница во јавноста.

„Cry me a river“ денес брои 397,764,477 и е еден од најголемите хитови на пејачот, но и воопшто на светската музичка сцена.

Меѓутоa ни Бритни не му остана должна, како одговор на „Cry me a river“, таа ја отпеа  „Everytime“ чиј текст е молба за прошка за ненамерно повредување на поранешен партнер. Но, таа никогаш не потврди дека песната е за Џастин.

„Everytime“ денес брои 138,167,546 на Јутјуб и е исто така еден од најслушаните и наградувани хитови на пејачката.











фото: PROFIMEDIA




Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: