На 18-месечната ќерка ѝ купила „еден тон“ божиќни подароци: Многумина го осудуваат овој потег на мајката (ВИДЕО)
Сара Мур, Британка од Честер, веќе ѝ купила подароци за Божиќ за својата 18-месечна ќерка, а она што ги шокираше сите што го погледнаа видеото во кое ги прикажува е тоа што имала толку многу, што морала да ги нареди во огромен куп.
„Моето бебе е мое чудо и среќна сум што ја имам, па ќе ѝ купам сè што сакам“ - кажа Сара Мур, мајка од Честер, Велика Британија, која сподели видое на својот ТикТок профил, на кое прикажа еден куп подарици кои ги купила за својата 18-месечна ќерка.
@sarahbouasker Please no hate, my baby is my miracle and I’m lucky to have her so I will buy her what I want to buy her. #fyp #foryoupage #christmashaul #christmas #GenshinImpact32 #trending #chdwarrior #chd #myworld #daughter It's Beginning To Look A Lot Like Christmas - Perry Como & The Fontane Sisters
Овој куп вклучува игрички како загатки, плишани животни, возови, кукли, сликовници и слично, но Сара не сакаше да откри колку точно пари потрошила за сето тоа. Секако, сите го погледнаа видеото претпоставуваат дека станува збор за голема сума на пари.
@sarahbouasker For those who asked, here’s a closer look at the cocomelon gifts #christmashaul #christmas #foryoupage #fyp #cocomelon CoComelon Theme Tune - CoComelon
„Купив еден тон божиќни подароци за моето 18-месечно девојче. Луѓето ми велат дека ќе ја разгалам, но не ми е гајле. Алаја е моето единствено дете“ - објасни Сара, подоцна споделувајќи видео на кое покажува како тие двете се забавуваат.
@sarahbouasker So thankful I have you #blessed #daughter #mybestfriend #allineed #candycrush10 #fyp #foryoupage #mollymaehague #mumsoftiktok #toddlersoftiktok #trending original sound - mollymae
Видеата на кои Сара ги покажува подароците за својата ќерка собраа илјадници прегледи и коментари, во кои корисниците на ТикТок не ја одобруваат нејзината постапка.
„Тоа се премногу играчки за едно дете“, „Дефинитивно отварајте ги во текот на целата година и ротирајте ги за да се преоптоварува детето со сите тие опции“, „Боже, колку игрички за собирање секој ден“ - се само некои од коментарите на шокираните корисници на ТикТок.
Што мислите вие за оваа постапка на мајката?
фото: Принтскрин / ТикТок