На 6 години сфатила дека е жена: Водителката на Евровизија минатата година ги шокираше сите со признанието за трансформацијата
Една од најпознатите јутјуберки на светот, холандската мејкап артистка и интернет ѕвезда Ники де Џегер, позната по јутјуб прекарот Nikkie Tutorials, е една од овогодишните водители на најголемиот музички настан Евровизија, која започна од вчера, а ќе трае до 22 мај во Ротердам.
Познатата јутјуберката на почетокот на минатата година сними видео во кое ја откри тајната која ја чувала цело ова време - дека всушност е родена како машко и дека е трансродна личност.
Нема некој кој не слушнал за мејкап јутјуберката Ники де Џегер. Можеби ти е попозната по прекарот по кој можеш да ја најдеш на социјалните мрежи - NikkieTutorials. Сипматичната русокоса ги освои сите со своите мејкап изглед и неверојатната креативност и талент, а сега откри шокантна вистина за себе. Последното видео кое го објави на својот јутјуб канал под називот „I'm Coming Out“ ги изненади сите. За само еден ден видеото е прегледано 23 милиони пати и тоа е вест за која сите зборуваат.
Nikkie во видеото откри дека е трансродна личност и дека е родена како машко, а на само 6 години знаела дека е всушност жена. Од мали нозе си играла со кукли и шминки, а тогаш започнала и да ја пушта косата. Својата трансформација во жена ја започнала на 14 години, а целото тоа време имала поддршка од мајка си. Па така, на 19 години била „трансформирана“ во жена, а денес се чувствува доволно сигурно за да им го признае тоа на сите. Последниве денови добива поддршка од сите страни, како од обожавателите, така и од останатите познати личности.
фото: Инстаграм