„На 6-от ден од раѓањето пееше на цел глас“: Мартија доби емотивна честитка од мајка си, а изненадување од другарките

„На 6-от ден од раѓањето пееше на цел глас“: Мартија доби емотивна честитка од мајка си, а изненадување од другарките

Објавена во: Совети // Семејство

Младата и преталентирана пејачка Мартија Станојковиќ вчера го прослави својот 16 - ти роденден. Иако минатата година имаше забава за паметење, на која заблеска во бела комбинација, оваа година роденденот го прослави дома покрај најблиските.

Нејзините најдобри другарки роденденот и направија мини изненадување, односно и се појави пред зграда пеејќи и ја роденденската песна со благо во раце.

А, нејзината мајка - таа буквално ги разнежни сите. Покрај досега необјавените фотографии, направени веднаш по раѓањето на Мартија таа и напиша емотивна порака:

„На денешен ден пред 16 години Господ ми подари уште една душичка! Среќна сум што те имам и сигурна сум дека секој би посакал дете како тебе. Те сака мама! Уште на шестиот ден од твоето раѓање пее на цел глас, а пее и сега!“, а потоа додаде:

„На тежок начин те донесов на овој свет! И пак би се осмелила кога би знаела дека ќе се родиш ТИ! Среќен роденден!“ - заврши гордата мајка.


Ова не е првпат мајката и ќерката да си споделуваат емотивни пораки, бидејќи и Мартија често знае да ја изненади мајка си со некоја објава во која и ја искажува целата љубов која ја чувствува кон неа.

Може да ве интересира:

(ФОТО) Мартија има најкул мајка, а нивната сличност ќе ве остави без зборови!

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: