На две години ја носеа во солариум, држеше диети ...: Беше најубавото девојче, а вака изгледа денес
Многумина се уште
се сеќаваат на контроверзното телевизиско шоу „Мали и тијари“, кое своевремено
предизвика многу критики во јавноста поради несоодветното прикажување и
промовирање на малолетните деца.
Иако е познато дека детските натпревари за убавина ги сакаат во Америка, а многу мајки на нив гледаат можност да им обезбедат на своите деца посветла иднина, неизбежно е малите девојчиња често да поминуваат низ вистинска тортура, се со цел да изгледаат „совршено. “.
Солариуми, вештачки нокти, коса, па дури и заби, кореографија, костими, вежбање со часови дневно, се само мал дел од она што требаше за да се прогласи за „најубаво девојче или момче“.
И додека многумина не видоа ништо лошо во вакво нешто, зад сиот тој гламур имаше и темна страна, а младата Еден Вуд тоа најдобро го почувствува на своја кожа.
Лицето на оваа девојка веројатно ви е многу познато. Претходните години победуваше на неколку натпревари за убавина и беше прогласена за најубава девојка во Америка.
Нејзината мајка Мики ја воведе во светот на натпреварите кога имала само две години, инсистирајќи русокосата Иден секогаш да биде дотерана, со совршена коса, шминка и фустани од тул.
Мики сакала да ја „зачува убавината“ на својата ќерка до тој степен што ја принудувала да јаде само нискокалорична храна и ја однела во солариум, а на крајот на сето тоа и давала енергетски пијалоци секој ден, за Еден да биде добро расположена.
Ваквиот начин и темпо на живот не се одразиле добро на здравјето на оваа млада дама - таа континуирано имала силни главоболки, а добивала и дигестивни проблеми.
Подоцна на виделина излегла информацијата дека Мики често ја тепал ќерка си, со цел Еден „да создаде отпор кон стресни ситуации“. На крајот, оваа мајка беше предупредена дека мора да го промени своето однесување за државата да не и го одземе детето, а самата Еден реши да престане да се натпреварува кога наполни шест години и ја освои својата 300-та титула!
Денеска има 16 години, а се уште се занимава со манекенство, но во многу помала мера. Имаше епизодни улоги во неколку филмови, напиша автобиографска книга и се испроба во блогирањето.
Популарна е и на Инстаграм, каде ја следат над 70.000 луѓе, а истакна дека во иднина би сакала да се посвети на глумата и музиката и да започне сопствено производство на детска облека.