На нивните јутјуб канали има корисни работи: Топ 5 јутјубери од кои може нешто да се научи

На нивните јутјуб канали има корисни работи: Топ 5 јутјубери од кои може нешто да се научи

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Светот на јутјуберите е полн со авантури, а истите тие авантури ги споделуваат со своите обожаватели, кои со нетрпение го очекуваат своето ново видео. Секој јутјубер на својот канал споделува видеа со различни содржини, па така некои се насочени кон гејмањето, некои кон совети за убавина, а други пак со својот стил на живот. 

Но, како и да е, на секој профил може да се најде барем по едно видео кое навистина би ни било од корист. Ние издвоивме 5 балкански јутјубери и од сите во продолжение ќе ви презентираме по едно видео, кое навистина може нешто да се научи.

# Стеффонатор

Тој важи за еден од најпопуларните јутјубери во нашата држава, а на својот јутјуб канал има видеа со различни содржи, преку кои се труди да ги задоволи вкусовите на своите следбеници. Едно од наједукативните видеа на неговиот профил е она со наслов „Работи кои ги имаат 1% од луѓето“, во кое открива навистина интересни факти, кои е добро да се знаат.


# Анџела и Наџа

Двете сестри се едни од омилените јутјуберки во Србија. Тие со своите видеа постојано им подаруваат забава на своите следбеници, а едно од наједукативните видеа на нивниот профил е она кога Анџела оди на логопед. Во видеото го има целиот процес кој го поминува оваа млада девојка, а логопедот го посетува поради неможноста да ја изговори буквата „Л“. Нејзините сесии може да ви помогнат доколку имате сличен проблем, но исто така да ве поттикнат и вие да поседите логопед доколку имате проблеми во изговорот на некоја буква.


# ГП

Овој јутјубер популарноста во Македонија ја дели со својот пријател Стеффонатор. Тие заедно дури објавија и книга, а видеата кој тој ги објавува се дефинитивно омиленото нешто на неговите следбеници - „џиперите“. „Фотостудио“ е насловот на видеото кое може да ве научи на нешто, а тоа користењето на фотошопот. Тој во ова видео со помош на фотошот прави интересни фотографии, а преку истото може и вие да научите некои трикови во врска со монтирањето фотографии.


# Ема Лукетин

Оваа јутјуберка доаѓа од Хрватска и нејзината публика е сочината од тинејџерки. Таа преку видеата им го претставува својот начин на живот, а едно од покорисните видеа на нејзиниот профил е она каде презентира идеи за комбинации на облека, кои можете да ги носите кога ќе се вратите во училишните клупи. Се уште не е потврдено дали ќе се случи тоа од септември, но секако може да ви биде од корист. Бидите подготвени навреме!


# Леа Станковиќ

Оваа српска јутјуберка констанстно се труди да ги известува своите следбеници за она што и се случува во животот, но исто така на нејзиниот профил може да најдете различни видеа со предизвици кои кружат на Интернет. Видеото кое го одбравме како најкорисно, повеќе е наменето за тинејџерките. Во истото се зборува за тоа како да се зачува должината и сјајот на косата, а веруваме дека многу девојки ги интересира ова.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: