„На почетокот мислев дека ќе биде само „деловна трансакција“: Сакала да го ограби, но на крајот се вљубила во 33 години повозрасниот маж (ВИДЕО)

„На почетокот мислев дека ќе биде само „деловна трансакција“: Сакала да го ограби, но на крајот се вљубила во 33 години повозрасниот маж (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Не е невообичаено келнерите во рестораните да ја прашаат Кери „што сака нејзиниот татко за вечера“.

Кери имаше 27 години кога го запозна Ренди на Тиндер во 2020 година. Таа признава дека на почетокот сакала само да се забавува и да извлече што повеќе пари од него. Парите беа токму причината поради која Ренди ѝ го привлече вниманието,тој често одел на патувања и споделувал фотографии од различни дестинации.

Но, како што одминувало времето, Кери, како што тврди таа, се заљубила во Ренди и тие се во среќна врска веќе три години.

Не и пречи што е помлада од синовите на Ренди.

– На почетокот мислев дека тоа ќе биде „деловна трансакција“ – искрена била Кери.

Ранди се присетува дека на почетокот добивал пораки од неговата сегашна девојка во кои таа му барала пари. Еден ден Кери реши да ја „сврти играта“, престанала да разговара со Ренди и се држела до таа одлука со месеци. Исто така, таа одлучила радикално да го промени својот живот и да најде работа.

Неколку месеци подоцна, Ренди се јавил и дознал дека Кери живее сосема поинаков живот. Загрижен дека мора многу да пешачи до и од работа, решил да ја изненади.

- И купив автомобил, се одлучив за БМВ - вели Ренди.

Првата година тие се забавувале на далечина, а потоа Кери сакала да го види Ренди. Како што вели, совеста и ја притискала затоа што тој многу се трудел околу неа, а таа го запоставувала.

- Еден ден на појадок сфатив дека се вљубувам во Ренди. Ми рече да напишам список со проблеми што ги имав и дека тој ќе ги решава еден по еден. Една недела подоцна ми рече: „Ако ми дадеш една година, ќе ти го променам животот“.

@care_pak Watch the full episode on “Love Don’t Judge” on your Snapchat discover page. Season 20 Epsiode 1. Extremely grateful for this experience and shout out to joenation and his assistant for being awesome film crew maybe a second episode when we get married?  #lovedontjudge #agegaprelationship #realitytv @Love Don't Judge original sound - Care_Pak

Голема разлика

– Размислував поинаку кога првпат го видов, но кога ќе се заљубиш во некого, тогаш почнуваш да го цениш за квалитетите што ги поседува – вели Кери, а пренесува Метро.

Ренди е свесен дека неговата партнерка првично се однесувала поинаку од денес:

- Таа навистина се грижи за мене и често ме потсетува да не заборавам да ја земам мојата редовна терапија.

Иако разликата во годините меѓу двајцата е голема, тие не дозволија тоа да ги раздели. Не е невообичаено келнерите во рестораните да ја прашаат Кери „што сака нејзиниот татко за вечера“.

- Луѓето обично мислат дека бркам богати или дека во детството сум била лишена од љубовта на татко ми - објаснува Кери.

На социјалните мрежи овој пар често е мета на негативни коментари, а од друга страна, како што тврдат, нивните семејства ја поддржале оваа врска.

- Синовите ми кажаа дека Кери е навистина жешка - насмеано прокоментира Ренди.

И двајцата велат дека не се засегнати од навредите што ги добиваат преку социјалните мрежи.

- Ми се допаѓа вниманието - вели Кери.

- Таа ми го посветува целото внимание и секоја вечер е со мене – сгордо изјавил Ренди.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: