На средните деца им е најубаво: Тие се оригинални, посилни, повеќе работат
Покрај различните мислења на луѓето, на HuffPost.com разговареле со луѓе кои растеле како средни деца во семејството. Ги споделија своите искуства и причини зошто сметаат дека тоа е најдобро.
# Имаат постари и помлади браќа или сестри
„Ти си помлада сестра на оној во чија сенка живееш, но истовремено си постара сестра кои ја гњави помладата сестра. Но кога ќе пораснеш, имаш две најдобри пријателки, а тоа те држи на површна и ти ја оддржува младоста“ - вели Шелби Постма.
# Бараат и нудат помош
„Јас сум средното од петте деца. Го овожавам тоа бидејќи можам да земам пример од постарите браќа, а истовремено да бидам пример за своите помлади браќа. Чувствуваш сигурност бидејќи знаеш дека нема да останеш сам во староста, бидејќи младите ќе останат со тебе. Додатно, постарите ти помагаат да се подготвиш за факултет, но и за животот“ - кажа Мајкл Милер.
# Дозволени им се повеќе работи
„Додека растев моите родители секогаш повеќе се грижеа околу тоа што прави помладиот брат, а поголемиот брат го држеа подалеку од неволји. Поради тоа јас имас повеќе слобода. Дури додека бев млад, успеав да се искрадат и да одам на пат до Лос Анџелес, Европа, Карибите и тоа потполно сам. Своите родители ги известив подоцна“ - пишува блогерот Себастиен Гаудин.
# Посилни се поради малото внимание
„Доколку си средно дете, луѓето мислат дека не добиваш иста количина на внимание од своите родители како што добиваат постарите или помладите браќа. Но, за мене тоа секогаш беше позитивно од две причини: Растејќи сфатив дека не сум била на пиедесталот како постариот брат, ниту пак бев размазена како помладиот. Затоа сум посилна“ - раскажува писателката и сексуалната едукаторка Џиџи Енгле.
# Стануваат експерти во компромиси
„Како средно дете во формативните години сфаќате дека патот до хармонија и родителската љубов е компромисот и соработката. Доколку сакате да поместите планини, да достигнете пофалби, да додадете радост во вашето семејство, проект, стартап на вашиот живот, сите овие работи ги има кај средното дете. Тие се вечни оптимисти. Знаат дека со шефувањето и наредувањето не се стигнува далеку“ - констатираше основачот на The Editorial, Хајди Лег.
# Постои т.н. Синдром на средно дете
„Имаме цел синдром наречен по нас! Можеме да се однесуваме како потполни лудаци и тоа ќе ни помине, бидејќи имаме синдром на средно дете. Станува збор за чувството на исклученост кое често го чувствуваат средните деца. Ова го користев како извинување низ 95% од животот и верувајте делува“ - кажа Стефани Бичети.
# Тие се смирениот дел од семејството
„Често се прозиваат средните деца дека се злобни и прават проблеми. Постои идеја дека правиме лоши работи од протест во очајничко настојување да не забележат. Ова го потврдуваат и научните студии. Но, вистина е дека ние средните деца, всушност и не сме проблематични. Баш спротивно, барем кон сопственото искуство, ние сме смирениот дел од семејството, мост над брзите реки и притоа мислам на старите и помладите браќа и сестри. Ние сме средни деца - од ниту една страна не е премногу екстремно. Ние сме баш како што треба да бидеме“ - пишува Фиби Фокс.
# Секогаш се на средината на фотографијата
„Се сеќавам, дека кога и да не фотографираа мене и моите браќа и сестри, автоматски ме местеа во средина. Мојата мајка ми сметаше дека тоа не е во ред и секогаш сакаше мојот мал брат да биде во средина. Но, доколку не ме сакала на таа позиција, требало да ме роди втор, зарем не“ - се насмеа Хоуп Еванс.
# Може да позајмуваат облека од повеќе плакари
„Оној момент кога немате што да облечете па украдете нешто од плакарот на братот или сестрата? Приказната на мојот живот. Во тие моменти бев пресреќна што сум средно дете. Имам две сестри, една постара, а друга помлада и тоа исто така беше благослов. Некои луѓе мислат дека три девојчиња се вистинска опасност, а за мене тоа значеше дека имам три пати поголем плакар. Поради разликата во години помладата и постарата сестра не си ги допираа плакарите, но бидејќи јас сум во средина, секогаш можев да пронајдам нешто за себе во двата. Единствено незгодно е тоа што, доколку нешто исчезне, веднаш знаеја дека јас сум виновна“ - раскажа Џесика Алмеида.
# Секогаш работат повеќе од очекуваното
„Јас сум средно дете и кога и да ме забележуваат, секогаш сум се трудела повеќе и си поставував поголеми граници. Затоа успеав да постигнам она што не сум ни сонувала дека е можно. Научив како да се справам со постарите браќа кога возевме велосипеди, кога скијавме или кога игравме друштвени игри. Сакав да работам се што прават тие и еднакво добро. А им помагав и со малите деца, ги хранев, им пеев и ги успивав. Само упорноста ми помогна да го постигнам сето тоа.“ - вели кети Валш.
# Тие се оригинални
„Очигледно постојат привилегии кои одат со најстарите деца, покрај фактот дека се постигнуваат првите во семејството. Но, тоа ти дава можност да бидеш ти. Нема смисла да се обидуваш да бидеш прва виолина, кога веќе некој друг во твоето семејство го остварил тоа. Постарите браќа и сестри се зафатени со очекувањата на родителите, ама ти затоа го имаш целото време на светот за истражување, размислување над границите и барање креативен пристап кон животот. Истото важи и кога се раѓаат млади браќа и сестри. Способноста да леташ под радарот кој ти дозволува да се фокусираш на она што го сакаш и овозможува да одбереш можности кои се само за тебе“ - заклучи Колин Бордокс.